Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на второто предавање од серијата Декански предавања. Предавањето е насловено: „Разговори за конзервацијата: Треба ли Амазон да го спаси Амазон?“, а ќе се одржи во вторник на 15. декември 2020 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на вториот циклус од серијата Декански предавања, која ќе започне со предавањето на архитектот и професор на Политехника во Милано - Стефан Витс. Предавањето е насловено: „О.М. Унгерс: Елементи и стратегии на урбана трансформација“, а ќе се одржи во среда на 2. декември 2020 год. со почеток во 16:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/84170254168
Изложба на конкурсните трудови од меѓународниот студентски конкурс на тема „Паметејќи ги просторните обрасци на заедништвото: Мала „лоу тек“ архитектура во Лазарополе“, дел од 29тата Сесија на Меѓународната летна школа за архитектура „Омаж на заедништвото“
Проект Скопје
Светските архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.
Со три дневниот „Проект Скопје“, кој ќе се оддржи од 21 до 23 октомври годинава, Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе продолжи со одбележување на 70 годишнината од своето основање и 55 годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на градот Скопје.