ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Упатство за пријавување на втор циклус студии - втор уписен рок

 

II. Право на конкурирање


- Право на конкурирање имаат кандидати што го исполнуваат општиот услов да завршиле прв циклус студии на
соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за
организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.

- Право на конкурирање за запишување во X (десетти) семестар на интегрираните петгодишни студии од прв и
втор циклус на Архитектонскиот факултет имаат кандидати кои дипломирале на Архитектонскиот факултет
според студиска програма во траење од 10 (9+1) семестри, пред воведување на студиската програма за
интегрирани студии од прв и втор циклус и кои се стекнале со стручното звање дипломиран инженер
архитект.


III. Документи за пријавување и запишување


Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на
www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во
пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на една од
електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал
системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на

примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;

Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;
Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);


- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е
уредно поднесена.
Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат
оригиналните документи за пријавување и за запишување

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и пријавни листови
- две фотографии (3,5х4,5)


III. Рокови за пријавување и запишување

Втор рок
Пријавување на кандидатите 7. до 17.2.2023
Запишување на кандидатите 21. до 23.2.2023

ЗАБЕЛЕШКИ:
- Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
- На кандидатите им е дадена можност на факултетите/институтите со поголем број студиски програми,
освен за првиот избор на студиската програма за којашто конкурираат, да можат да изберат уште една или
повеќе студиски програми, односно да се определат и за втора, трета итн. студиска програма, доколку не
успеат да бидат на ранг-листата на примени кандидати на првоизбраната студиска програма.
- Детални информации за условите за запишување и студирање на секоја од објавените студиски програми,
потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните
кандидати може да ги добијат на соодветните факултети, односно научни институти - носители на
студиските програми.

 

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и пријавни листови
- две фотографии (3,5х4,5)

 

1. Потврда за уплатени 600,00 денари
Цел на дознака: покривање на материјални трошоци
Назив на примачот: Буџет на РМ Архитектонски факултет-Скопје
Банка на примачот: Н.Б.Р.М
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник - единка корисник 1600104200 - 788 12
Приходна шифра и програма: 723019 -41 -2
 
2. Потврда за уплатени 750 евра во денарска противвредност според среден курс на Народна банка на денот на уплата
Цел на дознака: запишување на семестар со школарина/кофинансирање
Назив на примачот: Буџет на РМ, Архитектонски факултет Скопје
Банка на примачот: Н.Б.Р.М
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104200 – 788 - 12
Приходна шифра и програма: 723012 – 41 – 2
 
3. Потврда за уплатени 1000,00 денари
Цел на дознака: материјални трошоци за Теренска настава (автобуски превоз)
Назив на примачот: Буџет на РМ Архитектонски факултет-Скопје
Банка на примачот: Н.Б.Р.М
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник - единка корисник 1600104200 - 788 12
Приходна шифра и програма: 723019 -41 -2

VtorCiklusUpisi2022-23

VrorCiklusUkim

Iknow