
Фотографии од отварањето на 27-мата Изложба на архитектонски студија -ИАС27 на Архитектонскиот факултет -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изложбата беше отворена на 04.02.2026, а ќе трае до 11.02.2026.
* фотографии Мила Гавриловска
In memoriam

Проф. Никола Павловски
(1939 – 2026)
редовен професор во пензија
Со длабока почит и благодарност се сеќаваме на професор Никола Павловски, истакнат архитект, педагог и истражувач, кој остави траен белег во развојот на архитектонската наука и педагошката практика во Македонија.
Професор Павловски дипломирал во 1962 година на Техничкиот факултет – Архитектонски оддел во Скопје. Својата професионална кариера ја започнал во градежното претпријатие „Пелагонија“, каде што до 1972 година работел на проектирање и реализација на значајни архитектонски објекти. Истата година бил избран за асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметите Проектирање на индустриски и стопански згради, а подоцна учествувал и во наставата по Архитектонски конструкции и Градежни конструкции.
Во текот на 1970-тите години своето стручно и научно усовршување го продолжил во меѓународни истражувачки центри. Во 1976 година престојувал на Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, на катедрата за градежна физика, каде што се специјализирал во областа на дневното осветлување. Дополнително, во периодот од 1975 до 1977 година работел во Building Research Station во Лондон, како и во истражувачки институции во Братфорд и Манчестер.
Хабилитациониот труд „Дневната светлина во архитектонското проектирање“ го одбранил во 1980 година, по што бил избран за доцент. Во 1985 година станал вонреден професор, а во 1991 година редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 1999 до 2001 година ја извршувал функцијата декан на Архитектонскиот факултет.
Како проектант, професор Павловски реализирал бројни и значајни објекти од областа на индустриската, општествената и станбената архитектура. Неговата архитектонска практика се одликува со функционална јасност, рационален конструктивен пристап и внимателен однос кон природната светлина.
Покрај проектантската работа, професор Павловски остави значаен придонес и во научно-истражувачката дејност, особено во областа на архитектонското осветлување. Во текот на својот работен век објавил повеќе научни трудови, со што даде важен придонес во развојот на оваа дисциплина во македонскиот академски контекст.
Неговата посветеност на наставата, науката и архитектонската професија ќе остане трајно вградена во колективната меморија на Архитектонскиот факултет и пошироката стручна јавност.
Со почит и благодарност,
Архитектонски факултет – Скопје
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја најавува
Изложбата на архитектонски студија – ИАС 27,
посветена на зимскиот семестар од академската година 2025/2026.
Отворање: 04.02.2026 во 13:00 часот
Локација: Големата сала на Архитектонскиот факултет – Скопје
Изложбата е отворена: од 04.02.2026 до 11.02.2026
Ќе ни биде чест да ја посетите!
Со цел да се поттикне подиректна комуникација, соработка и размена на знаења меѓу докторандите и наставниците од различни технички факултети, Советот на докторските студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет во Скопје и Советот на докторските студии по Градежништво на Градежниот факултет во Скопје, во координација со Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организираа годишна конференеција што се одржа на 18.12.2025 година во аудиториумот на Архитектонскиот факултет во Скопје. На годишната конференција земаа учество вкупно 14 докторанди, од кои 2 докторанди од студиската програма по градежништво и 12 докторанди од студиската програма по архитектура и урбанизам, кои имаа јавно претставување на своите истражувања.

На 18.12.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, ас. м-р Максим Наумовски, доц. д-р Павел Вељаноски и арх. м-р Мирослав Пејовски од архитектонското студио К87А ќе имаат свое излагање со наслов: Присуство и форма.
Ве очекуваме!

Годишната конференција за студентите од втори, четврти и шести семестар на Докторските студии по архитектура и урбанизам и Докторските студии по градежништво во зимскиот семестар од учебната 2025/2026 година ќе се одржи на Архитектонскиот факултет во Скопје во четврток, 18.12.2025 година, со почеток во 9:00 часот, во аудиториумот на факултетот (сала 115). Годишната конференција се реализира во организација на Советот на студиската програма по Архитектура и урбанизам, Советот на студиската програма по Градежништво и Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Линк до Програма на годишната конференција.

На 11.12.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, арх. Методи Хаџи-Андов од архитектонското студио ПАРАМЕТАР ќе има свое излагање со наслов: Препрочитување на просторот: иновативни интервенции во постоечки структури – нов животен век на постојните објекти.
Ве очекуваме!
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
02–05 декември 2025
Во рамките на меѓународниот проект „TNE_SULIEIA“ – Med_ASA Mediterranean Advanced School of Architecture, на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи меѓународен семинар и специјализирана работилница.
МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ „TNE_SULIEIA“
Med_ASA Mediterranean Advanced School of Architecture
Програма TNE – Транснационални едукативни иницијативи
ТЕМА: “Space–Soil: Designing for Risk in Public Space”
СЕМИНАР И РАБОТИЛНИЦА | 02–05 декември 2025
SOIL AS 3D — “Density, Dynamic, Design”. Living Machines.
Архитектонски факултет – Скопје, УКИМ
ПАРТНЕРИ:
Архитектонски факултет при Универзитет „Медитеранеа“ во Реџо Калабрија (координатор)
Архитектонски факултет при Универзитет „Федерико II“ во Неапол
Архитектонски факултет при Универзитет POLIS во Тирана
Архитектонски факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет при Универзитет на Црна Гора во Подгорица

На 27.11.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р арх. Невенка Манчева Аџиевска и м-р арх. Марија Антиќ Николова, од архитектонското студио АРХИПУНКТ ќе имаат свое излагање на тема: Помеѓу универзалното и личното: Сознанија од две куќи.
Ве очекуваме!