Почитувани колеги и пријатели,
Ве покануваме на прославата по повод новогодишните и божиќните празници која ќе се одржи во петок, 30.12.2022 година, со почеток во 12.00 часот на „Сквер“ на втори кат во просториите на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Прославата е организирана заедно со ФСС на АФС, студентите на АФС и целокупната академска заедница на Факултетот.
Ќе ни причинува голема чест и задоволство доколку ја збогатите нашата прослава со Вашето присуство.
Со почит,
Проф. д-р Огнен Марина
Декан