
|
С О О П Ш Т Е Н И Е На 14.5.2026 година (четврток), со почеток во 11.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факулет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кандидатот м-р Ана Рафаиловска ќе го брани својот докторски труд под наслов “Компаративен преглед на социо-морфолошките карактеристики на станбени ансамбли од втората половина на XX век во Скопје: од колективен до современ животоприемчив простор “, под менторство на проф. д-р Слободан Велевски. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
|
С О О П Ш Т Е Н И Е На 18.5.2026 година (понеделник), со почеток во 11.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факулет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кандидатот м-р Теа Дамјановска ќе го брани својот докторски труд под наслов “Архитектура и Место: модернизам, регионализам и архитектурата на Охрид 1948-1991 “, под менторство на проф. д-р Јован Ивановски.
|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е На 20.5.2026 година (среда), со почеток во 11.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факулет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кандидатот м-р Михајло Стојановски ќе го брани својот докторски труд под наслов “Критичка историја и вреднување на населбата Аеродром во Скопје како пример на доцномодерно архитектонско наследство “, под менторство на проф. д-р Ана Ивановска Дескова.
|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
|

Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје најавува:
Изложба на магистерски трудови
одбранети во учебната 2024/2025 година
Отворање: 06.05.2026 во 19:00 часот
Локација: Галерија на Архитектонскиот факултет – Скопје
Ќе ни биде чест да ја посетите!
Со задоволство ве каниме на предавањето на архитектот Тило Херлах (Tilo Herlach) од архитектонското студио ХХФ Архитекти (HHF Architects) од Базел, Швајцарија, кое ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет – Скопје на 5 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот.
Тило Херлах е роден во 1972 година во Цирих, Швајцарија. Во периодот од 1992 до 1998 година студирал архитектура на ETH Цирих и ETH Лозана. Магистрирал на ETH Цирих под менторство на проф. Руџеро Тропеано (Prof. Ruggero Tropeano).
Од 1998 до 2003 година соработувал со d-company во Берн и со Rolf Furrer Architekten во Базел. Во 2003 година е еден од основачите на архитектонското студио HHF Architects во Базел.
Тило Херлах е овогодинешниот тутор на 35. сесија на Меѓународната летна школа за архитектура во Лазарополе, во организација на Архитектонскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На 02.04.2026 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 17.00 часот, во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р Маргарита Поповска и м-р Мика Черепналковска ќе имаат свое излагање со наслов: Ѓаволот е во детаљот. Ве очекуваме!
|
Распоред на Колоквиуми
|