Со особено задоволство Ве покануваме на отворањето на Меѓународната научна конференција City Street 6 во организиција на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и партнерските универзитети од ЕУ и светот. Отварањето на конферецијата е во среда, 25.09.2024 година во 09.30 часот.
Исто така, Ве покануваме на отворањето на изложбата на фотографии од конкурсот The Beauty is On the Streets (La beauté est dans la rue, Paris graffiti, May 1968) кој го организираше Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во рамките на Меѓународната научна конференција City Street 6. Отворањето на изложбата е во среда, 25.09.2024 година во 18.00 часот во галеријата на Архитектонски факултет сместена во приземјето на објектот на факултет (до деканатот) на ул. Партизански одреди 24 во Скопје.
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
|
Документи за пријавување:
Образец 01 - Пријавен лист за конкурирање
|
Почитувани,
Ве покануваме да се приклучите на онлајн предавањата во рамки на 33та сесија на Летна Школа за Архитектура, која во моментот се одржува во Лазарополе каде гостин тутор е професор Саша Беговиќ.
Предавањата ќе ги одржат следните гости во текот на следните три вечери, почнувајќи од денес:
02.07.2024 почеток 20:30ч.- Nikola Radeljković // Numen/For Use;
03.07.2024 почеток 20:30ч. - prof.Mia Roth & prof.Toni Ćerina //Roth & Ćerina //
04.07.2024 почеток 20:30ч. - Robert Jonathan Loher, architect.
П О К А Н А
Ве покануваме на 26.6.2024 година (среда), да присуствувате на свеченото доделување на дипломи на студентите кои ги завршиле студиите на Архитектонскиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Свеченоста ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет со почеток во 12.00 часот.
Од Деканатот