ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА СОПИШТЕ
Потврдувајќи ја континуираната посветеност и грижа на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за просторниот и урбанистичкиот развој на општините во државата, како и одговорноста на Факултетот за поддршка на одржливиот развој на локалните заедници, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Општина Сопиште на 3-ти мај, 2022 година потпишаа Меморандумот за соработка со што го засилуваат партнерството.
ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ – КИЧЕВО 2030
Архитектонскиот Факултет во Скопје и Општина Кичево ве покануваат да присуствувате на изложбата на студентски задачи од предметот Урбанистичко обликување 2 – „Визии за просторен развој на Кичево 2030“.
Ве покануваме на промоција на книгата „Влијанието на скопскиот железнички јазол врз концептите на урбанистичките планови за Скопје 1873 – 1963“ од Проф. д-р Анета Христова-Поповска која ќе се одржи во холот на Транспортниот центар (I кат) во Скопје во четврток, 17 март 2022 во 19.00 часот.
Книгата ги претставува истражувањата на авторот за комплексната формативна улога на системот на железницата во модерната историја на урбаниот развој на градот Скопје содржани во магистерскиот труд одбранет на Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје во 2000 година.
Промотори: Вонр. проф. д-р Слободан Велевски и Вонр. проф. д-р Мери Батакоја
Потврдувајќи ја успешноста на континуираната соработка во областа на просторното и урбанистичкото планирање, архитектурата и културното наследство, како и изразената потреба за унапредување на идната соработка и размена на знаења, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Агенцијата за планирање на просторот на 5-ти февруари, 2021 година потпишаа Меморандумот за соработка со што го засилуваат партнерството. Директорката на Агенцијата за планирање на просторот м-р Андријана Андреева и Деканот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје професор д-р Огнен Марина ја потврдија важноста на заедничката соработка помеѓу двете институции која во иднина ќе овозможи блиска соработка при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти, планови, активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој, посебно во областа на планирањето, архитектурата и културното наследство, како и унапредување на наставниот процес и истражувачката дејност со размена на знаења и искуства.
ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
Јавна презентација на студентски задачи од предметот УО2 од 9ти семестар
Јавната презентација на студентските трудови ќе се одржи на 18ти февруари 2021 год. со почеток во 10:00 часот, онлајн преку платформата Микрософт Тимс и на неа се поканети да присуствуваат Локалната самоуправа на Град Скопје, колегите од Архитектонскиот факултет Скопје и сите заинтересирани стручни лица и граѓани.
На презентацијата може да се приклучите следејќи го следниот линк:
https://teams.microsoft.com/l/meetup-join
Повеќе: за настанот ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
Проект Скопје
Светските архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.
Со три дневниот „Проект Скопје“, кој ќе се оддржи од 21 до 23 октомври годинава, Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе продолжи со одбележување на 70 годишнината од своето основање и 55 годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на градот Скопје.
Почитувани колеги,
Се известуваат сите студенти на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство на РСМ бр. 09-982/2020 од 10.03.2020 година, на високо образовните институции, вклучително и на Архитектонски факултет, се запираат сите наставно-воспитни процеси во тек на наредните 14 дена, a почнувајќи од 11.03.2020 година. Во текот на овој период студентите не треба да доаѓаат на настава, ниту да престојуваат во просториите на факултетот.
Фотографии од доделувањето на пофалниците и наградите на студентите кои покажале особен успех во работата на архитектонските студија во текот на зимскиот семестар од учебната 2019/2020 година. Проектите ги оценуваше комисија во состав: проф. Влатко П. Коробар, проф. Мартин Гулески и архитект Никола Томевски. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Ве покануваме на промоција на публикацијата „Архитектурата на новата музеологија: од музеј-зграда до музеј-територија“, приредена од доц. д-р Мери Батакоја. Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.
Промоцијата е замислена како разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова - Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ - Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ - Скопје, во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , на 26.12.2019 (четврток), во 13 часот.
Промоцијата ќе ја отвори Деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Огнен Марина.
![]() |
За факултетот Деканат
|
Студии Додипломски студии
|
Уписи Додипломски студии
|
Кадар Административен кадар
|