НОВО ИЗДАНИЕ НА АФ
Примероци од публикациите Skopje 2014: Patterns of Growth и Patterns of Growth: Microcity, двете работени во рамките на интегративното студио во учебните 2014/15 и 2015/16 може да најдете во Библиотеката на Архитектонски факултет
.
ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТСКИ КОЛАЖИ РАБОТЕНИ ПО ПРЕДМЕТОТ ПЛАСТИЧНО ОБЛИКУВАЊЕ ВО УЧЕБНИТЕ 2013/14 И 2015/16
ТРАНСКРИПЦИЈА НА: КУБИСТИЧКИ КОЛАЖ ПО П. ПИКАСО; ОТСЕЧОЦИ / CUTS-OUTS/ ПО А. МАТИС; ДАДАИСТИЧКИ КОЛАЖ ПО К. ШВИТЕРС; ГЕОМЕТРИСКИ КОЛАЖ ПО Б. НИКОЛСОН; КОЛАЖ ПО ПРОСТОРЕН МОДЕЛ.
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на изложбата на проектот „НАОДИ:“, со кој Република Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба - Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.
Отворањето на изложбата е во понеделник, на 28.12.2015, со почеток во 20.00 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје (кеј Димитар Влахов бр.15).
На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, а во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони - „Впивање на модернизмот 1914 - 2014“.
ПОКАНА ЗА ОТВАРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА
HONOURED TO INVITE YOU AT THE EXHIBITION
Изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“, по повод промоцијата на истоимената книга, го претставува научно-истражувачкиот проект изработен на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Архитектонски факултет, Универзитет во Загреб. Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на градот Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.
Промоцијата и отворањето на изложбата ќе се одржат во галерија „Магаза“ во Битола, на 30 април 2015 година, во 19.00 часот, а изложбата ќе биде отворена до 8 мај 2015 година.
Издавач на книгата е Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изложба на графики,
работени на предметот ликовно изразување
во учебната 2008-09, 2010-11, 2012-13
коридор 19-30 март 2015, Архитектонски факултет
наставен тим:
вон. проф. м-р наташа милованчев,
ана рафајловска, христина стојчевска, дарко драгановски
download Plakat.pdf
Изложба: Архитектонски студија зимски семестар 2014-2015
22-01-2015, 12:00 Архитектонски факултет
Плакат: Изложба архитектонски студија 2015 .PDF
Ве покануваат на отворањето на изложбата
СКОПЈЕ МОДЕЛИ НА ГРАД
Среда, 12 ноември 2014 | 19:30 ч Музеј на град Скопје