Фотографии од отворањето на Изложбата на архитектонски студија - ИАС13, отворена на 13.02.2019 година. Фотографиите се на Ангела Петровска.
ИЗЛОЖБА на архитектонски проекти од предметот селектирани теми од објекти за колективно домување
ПРОТОТИП НА ГРАДИНА ЗА ДЕЦА - НАПРАВЕНО ВО КУМАНОВО
Дом на култура Трајко Прокопиев, Куманово / 28.02.2019 / 20:00 часот
Пријателке и колешке,
твоите соништа само што беа започнале, верувам дека ти ќе изградеше еден свет со убави куќи кои ќе светат со зраците на сонцето. Ти веруваше дека твојата професија еден ден ќе те издигне на највисокиот пиедестал, но ти се искачи на небото сакана пријателке. Пријателке и колешке , и сите наши зборови да се сплотеа нема да можеме да сочувствуваме со една мајка, која израснала толку воспитана девојка, не можеме да сочувствуваме ниту со еден татко кој ја имаше научено што значи жртвувањето или ризикот. Како што велат „ Сочувството е најтешкото нешто за човекот, исто како што честитањето е најлесното нешто.
Од ова што се случи разбравме дека ништо во нашиот живот не е сигурно, затоа што една трагедија може да се случи побрзо од преклопувањето на очните капаци, побрзо од нашите солзи кои се леат без престан. Што да им кажеме на оние на кои срцата им се скршени, што да им кажеме на оние кои не го посакуваат утрешниот ден без нивните деца , без нивните родители?! Нашите сили спроти ова случување се мали, но ние ти ветуваме дека твоите дела ќе бидат разубавени со цвеќиња за да останат како најубави за нас!
А вам, Јасин Салих, Jована Граматикова и Јасин Сејфули ви посакуваме што поскоро да оздравите и да се oпоравите за повторно да ве гледаме низ ходниците на нашиот факултет.
Почивај во мир Бејза Узеири , засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли!
Endrrat e tua sapo kishin filluar, ti besoj se do te ndertoje nje bote me shtepi te bukura qe do te shkëlqenin nga rrezet e diellit, ti besoje se një ditë profesioni yt do te ngre në piedestalin më të lartë, por ti u ngrite në qiell e dashur mike, shoqe e kolege, sikur të gjithë fjalët tona të bëheshin bashkë nuk do mundnim dot ta ngushllonim një nënë që kishte rritur një fëmijë aq te edukuar, nuk do mundnim të ngushllonim as një baba qe kishte mesuar atë se c'është sakrifica e sic thuhet: "të ngushëlluarit është gjëja më e vështirë për njeriun, ashtu sic është të uruarit gjëja më e lehtë".
Nga kjo që ndodhi ne mësojme se asgje ne jetën tonë nuk është e sigurt sepse një tragjedi mund të ndodh më shpejt se sa të bashkosh sytë, më shpejt se sa lotët tona që rrjedhin pa pushim. Cfare tju themi atyre qe shpirti i është këputur, cfare tju themi atyre që se duan më të nesërmen pa fëmijet e pa prindet e tyre?! Fuqit tona perball kesaj ndodhie jane te pakta por ne të permtojme se punimet e tua do të jenë të zbukuruar me lule për të mbetur kujtimet më të bukura per ne.
Ndërsa juve Jasin Salih, Jovana Gramatikova, dhe Jasin Sejfuli ju dëshirojmë shërim sa më të shpejt dhe të ktheheni përsëri , dhe të shihemi përsëri në koridoret e fakulltetit tone.
Prehu në paqe Bejza Uzeir, përgjithmonë do jetosh në zemrat dhe mëndjet tona!
ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ ВО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КОЈА СЕ СЛУЧИ ВЧЕРА Е И НАШАТА СТУДЕНТКА БЕЈЗА УЗЕИРИ. АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ НАЈИСКРЕНО СОЧУВСТВУВА СО БОЛКАТА НА СЕМЕЈСТВОТО. ДЛАБОКО ЖАЛИМЕ ЗА ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА. НАШИТЕ МИСЛИ СЕ СО СЕМЕЈСТВАТА НА СИТЕ ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌАТА.
|
Фотографии од новогодишната прослава одржана на Скверот на АФС на 28.12.2018-та година. Автор на фотографиите е Ангела Петровска.
Фотографии од отворањето на изложбата на студентски архитектонски проекти на студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје насловена РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ВО ОХРИД. Изложбата се отвори на 26.11.2018 во 12:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Изложба на студентски архитектонски проекти на тема Ревитализација на Античкиот театар во Охрид, која ќе се со отвори во понеделник, 26.11.2018 година во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид
Фотографии од свечениот час и прославата по повод 6-ти октомври, денот кога се одбележува 69 годишнината од формирањето на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот се одржа во понеделник, 8-ми октомври, на Архитектонскиот факултет.
Ни причинува особена чест и задоволство да Ве поканиме на прославата на јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“.
Прославата на јубилејот ќе се одржи во четврток, 05 јули, 2018 година во вила Уранија, МАНУ во Охрид. Прославата ќе започне во 12.00 часот со следната програма: