Фотографии од отворањето на изложбата на трудовите пристигнати на меѓународниот конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение на ридот Кале во Скопје, отворена на 22.10.2019 година во Музејот на современата уметност во Скопје. Конкурсот и изложбата на пристигнатите трудови претставуваат активности во рамки на проектот „ROCK“ - Уметничка тврдина, чијашто цел е да ја поттикне ревитализацијата и просторното уредување на ридот Кале во привлечна и посетена градска содржина со различни културни, образовни и рекреативни функции. Проектот се реализира во партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет, Музејот на современата уметност и Град Скопје. Автор на фотографиите е Мила Гавриловска.
70 ГОДИНИ АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Фотографии од одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од првиот одржан час на најстариот Технички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Музејот на Град Кратово во интервалот од 20-24.9.2019 год. беше домаќин на архитектонската работилница „Кратово пристапно за сите“ реализирана како резултат на соработката на АФС и Општината Кратово. Резултатите од работилницата се претставени на Изложбата која се отвори во галеријата на Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово на 24.9.2019 год.
ПОКАНА ЗА ОТВОРЕН ДЕН #2 ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL)
Почитувани,
Ве покануваме да присуствувате на вториот Отворен ден што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ
Повеќе: ПОКАНА ЗА ОТВОРЕН ДЕН #2 ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL)
И З В Е С Т У В А Њ Е
ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА ВО SkULL ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА ВО МИНАТОТО
Ве покануваме да ја посетите изложбата на стари фотографии „ Старата скопска чаршија во минатото“.
Фотографии од отворањето на изложбата на студентски проекти работени во рамки на архитектонската работилница во 9-от семестар, насловена: Нови содржини за Старата скопска чаршија, раководена од педагошкиот тим во состав: проф. д-р Влатко П. Коробар, проф. д-р Јасмина Силјановска и вонр. проф. д-р Марија Мано Велевска. Изложбата се отвори во просторот на SkULL - Skopje Urban Living Lab (Скопска лабораторија за урбано живеење) која се наоѓа во Старата скопска чаршија, а чие основање е партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Градот Скопје, во рамки на меѓународниот проект "ROCK".
Фотографии од излагањето на архитектката и фотографка Маја Јаневска Илиева, која во рамки на програмата „Фактотум“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 28.03.2019 година. Фотографиите се на Елена Фидановска.
ИЗЛОЖБА: ОСЛОБОДУВАЊЕ-НА-ПРОСТОРОТ
Национално претставување на Република Македонија на 16-та Меѓународна архитектонска изложба la Biennale di Venezia во 2018 година
МСУ, вторник 12.03.2019 во 20.00 часот
Фотографии од доделувањето на пофалниците и наградите на студентите чии семестрални проекти беа селектирани како најуспешни во рамки на работата на студијата во зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година, а кои беа изложени на 13-то издание на Изложбата на архитектонски студија, одржана од 13-20 февруари 2019 година на Архитектонскиот факултет. Фотографиите се на Елена Фидановска.
Фотографии од отворањето на Изложбата на студентски трудови со наслов „Прототип на градина за деца - направено во Куманово“ составена од архитектонски проекти работени на предметот Селектирани теми од објекти за колективно домување. Изложбата беше отворена во Домот на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово на 28.02.2019. Проектите се резултат на соработката на Архитектонскиот факултет при УКИМ и Општината Куманово.
Фотографии од изложбата и презентацијата на студентски проекти за внатрешно преуредување на просторот за угостителство во Скопје сити мол, работени на предметот Внатрешна архитектура 2. Фотографиите се на Ангела Петровска.