|
Фотографии од предавањето на архитект Саша Беговиќ од Хрватска насловено “Architecture as the Result of Thought and Practice” кое се одржа на 17. Мај 2024 во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет Скопје.
Автор на фотографија: Ева Живковиќ.
Отворањето на Центарот означува клучен момент во градењето на научната одличност и промоција на постдокторските истражувања на нашиот Универзитет со цел поттикнување на иновациите и промовирање на мултидисциплинарен пристап во научната работа во нашата земја и регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан.
Во рамки на настанот се одржа церемонија на отворање на ЦАПРИС УКИМ проследена со презентација на Центарот и промоција на Регионалната мрежа на центри за напредни студии (RECAS). ЦАПРИС УКИМ отвора извонредни можности за размена на знаење и поттикнување на партнерства кои ќе придонесат за унапредување на науката и истражувањето во нашиот регион.
Настанот се одржа на 22.03.2024 година, во просториите на Центарот лоциран во рамки на Архитектонскиот факултет Скопје. Автор на фотографиите е Ева Живковиќ.
ЦЕНТАР ЗА ТЕХНИЧКА КУЛТУРА
Архитектонска изложба на студентски проекти
Интегративно студио 9, IX семестар 2023/2024
КСП Центар Јадро, отворање петок 23.02.2024 г. 14:00 ч.