ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

MagisterskiApril2023b

IMG-dcd6bb29978c501aeb60124b7e953a21-V

 thumbnail EUROPAN 17

   

Отворен е повикот за учество на EUROPAN 17 за млади професионалци и мастер студенти (кои имаат Bachelor диплома), на тема: “Living cities/2 – Reimagining architectures by caring for inhabited milieus”. 

EUROPAN 17 обезбедува платформа за изработка на идејни проекти за 52 локации во градовите во 12 европски земји. 

Повеќе информации можете да добиете на веб страната:
www.europan-europe.eu
 
     

DGKM-1

По голем број на пристигнати барања за продолжување на рокот за доставување на апстракт за 20. Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), Ве информираме дека рокот е продолжен:
  • Рок за доставување на апстракт на труд30 април, 2023  (детали тука)

  • Рок за рана регистрација за учество на Симпозиумот: 30 мај, 2023   (детали тука)


  • На локацијата на која ќе се одржува Симпозиумот ќе биде обезбеден специјален изложбен простор за спонзорите и поддржувачите на настанот. Условите за учество со Спонзорство се достапни на следниов линк.

MagisterskiApril20231

Студиска посета на студенти и професори
од Политехничкиот универзитет во Торино
на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје

Во периодот од 30-ти март до 2-ри април, во Скопје и на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје во студиска посета престојуваше група од 35 студенти, тројца професори и тројца докторанти. Студентите и професорите се дел од архитектонското студио во четврта година на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино кое работи на темата на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање на урбаниот кварт Ј14-Расадник во општина Кисела Вода. Целта на посетата беше запознавање со градот Скопје, особено со локацијата која е во фокусот на работата на студиото во општина Кисела Вода, градот во целина, како и со работата на студијата и студентите на Архитектонскиот факултет.

Повеќе: Студиска посета на студенти и професори од Политехничкиот универзитет во Торино на...

 thumbnail poster predavanje Emil Jurcan

Предавање „Реконструкција на римскиот театар во Пула“
четврток 6-ти април 2023 во 12:00 часот
онлајн преку платформата MS Teams

линк до предавањето

Повеќе: Предавање „Реконструкција на римскиот театар во Пула“

Kolokviumi20231

Фотографии од отворањето на архитектонската изложба Скопје:

нови индустрии на стари локации, отворена на 17.3.2023 година во Галерија 2 во Младинскиот културен центар.

Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2023 година.

Фотографиите се на Маја Јаневска.

Архитектонска изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“

Повеќе: Архитектонска изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“

Ran550

Почитувани,

Ве покануваме на јавното предавање на Ран Голдштајн од Bar Ilan Center for Smart Cities од Рамат Ган, Израел со наслов “Why do we have only smart (ass) cities?.Предавањето ќе се одржи во вторник, 14.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е член на Центарот за паметни градови Бар-Илан, одговорен за сложени соработки кои бараат креативност и размислување надвор од рамката. Исто така е активен и во обезбедување на консултантски услуги за технолошки компании за адаптација на производи и стратегии за развој на бизнисот, реализира предавања и работилници за промовирање на иновациите, одржливоста и паметните градови.

 

1 POSTER-GAZMEND1

Почитувани,
Ве покануваме на јавното предавање на Газменд Ајруловски од Intelligent Network Solutions со наслов Digital Twin Concepts. Предавањето ќе се одржи во четврток, 09.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Газменд Ајруловски е извршен директор со повеќе од 20 години работно искуство кој сè уште сака да пишува кодови. Инженер во срцето, љубител на стари рачни часовници со посебна врска со шахот и кошарката. Тој е ко-основач на INS, софтверска компанија која испорачува извонредност во ГИС уште од 2007 година.
Архитектонски факултет Скопје