Изложба на конкурсните трудови од меѓународниот студентски конкурс на тема „Паметејќи ги просторните обрасци на заедништвото: Мала „лоу тек“ архитектура во Лазарополе“, дел од 29тата Сесија на Меѓународната летна школа за архитектура „Омаж на заедништвото“
Проект Скопје
Светските архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.
Со три дневниот „Проект Скопје“, кој ќе се оддржи од 21 до 23 октомври годинава, Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе продолжи со одбележување на 70 годишнината од своето основање и 55 годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на градот Скопје.
29th Session Summer School of Architecture >>>>> International Competition >>>>> Homage to Togetherness: Small-scale Low-tech Architecture in Lazaropole Click on the images below and find out more about the competition and its accompanying activities |
![]() |
![]() |
![]() |
Почитувани колеги,
Се известуваат сите студенти на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство на РСМ бр. 09-982/2020 од 10.03.2020 година, на високо образовните институции, вклучително и на Архитектонски факултет, се запираат сите наставно-воспитни процеси во тек на наредните 14 дена, a почнувајќи од 11.03.2020 година. Во текот на овој период студентите не треба да доаѓаат на настава, ниту да престојуваат во просториите на факултетот.
Излагање на ЕАСА Македонија, кои ќе имаат свое претставување на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 11.03.2020 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографии од излагањето на Ивана Ѓоргиева и Ангела Кузмановска, кои во рамки на програмата „Талент“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаа свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 4.3.2020 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Излагање на Ивана Ѓоргиева и Ангела Кузмановска, кои во рамки на програмата „Талент“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе имаат свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 04.03.2020 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографии од доделувањето на пофалниците и наградите на студентите кои покажале особен успех во работата на архитектонските студија во текот на зимскиот семестар од учебната 2019/2020 година. Проектите ги оценуваше комисија во состав: проф. Влатко П. Коробар, проф. Мартин Гулески и архитект Никола Томевски. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Студиско патување и претставување на работата на Интегративното студио РАСТ2.0: НАРАТИВИ од Архитектонскиот факултет Скопје на Техничкиот Универзитет во Делфт.
Во рамки на патувањето во Холандија беше остварена изложба на студентските проекти, дискусија за искуствата од работата и соработката, како и заедничка посета на објекти од рецентната архитектонска продукција на Ротердам.