![]() |
СТУДЕНТСКИ
ИЗБОРИ 2019
|
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Френк Флури
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Френк Флури, раководител на првиот циклус на студии на Колеџот за Архитектура на Институтот за технологија на Илиноис во Чикаго.
Фотографии од излагањето на архитектот и професор Даг Бутсен (Dag Boutsen) од Белгија, кој во рамки на Деканската серија предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 5.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Даг Боутсен
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Даг Боутсен, декан на Архитектонскиот факултет на Католичкиот Универзитетот Лувен, Белгија. Предавањето ќе се одржи во четврток, 05.12.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Фотографии од работата во Интегративното студио „Нови индустрии на стари локации“, раководено од доц. д-р Горан Мицковски, чиј предмет на интерес е напуштен индустриски комплекс во Белград, Србија. Во текот на оваа недела студентите имаа можност да ги унапредат своите проектни решенија во соработка со архитектот и гостин-професорот Јурген Пацак-Пор од берлинското студио „БАР архитекти“.
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Даг Боутсен
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Даг Боутсен, декан на Архитектонскиот факултет на Католичкиот Универзитетот Лувен, Белгија. Предавањето ќе се одржи во четврток, 05.12.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Фотографии од излагањето на архитектката и професорка Маруша Зорец од Словенија, која во рамки на серијата декански предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 27.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од излагањето на проф. д-р Елизабета Маторкиќ Бисениќ, ликовен уметник, која во рамки на програмата „Артитектура“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 20.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Маруша Зорец
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на архитектот Маруша Зорец професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Република Словенија.
![]() |
СТУДЕНТСКИ
ИЗБОРИ 2019
|
ПРИЈАВАЗА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛНА ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНСКО СОБРАНИЕ НА АРХИТЕКТОНСКИФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
![]() |
ПОКАНА за Отворен ден #3
Ве покануваме да присуствувате на Отворениот ден #3 што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Град Скопје и Архитектонски факултет Скопје при УКИМ. Отворените денови се дел од активностите што SkULL, како дел од ROCK* проектот, ги организира со цел да ja вклучи јавноста во искажување на своите мислења за состојбите во Старата скопска чаршија, како и за можностите за ревитализација на овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел на градот.