
Студиско патување и претставување на работата на Интегративното студио РАСТ2.0: НАРАТИВИ од Архитектонскиот факултет Скопје на Техничкиот Универзитет во Делфт.
Во рамки на патувањето во Холандија беше остварена изложба на студентските проекти, дискусија за искуствата од работата и соработката, како и заедничка посета на објекти од рецентната архитектонска продукција на Ротердам.
Отворање на Изложба на студентски архитектонско урбанистичи решенија за основно училиште, спортско рекреативен центар и детска градинка во ДУП312 „УЧИЛИШТЕ ВО ПАРК“
Место: КСП - Центар - Јадро; ул. „Алберт Ајнштајн“ бр.2
Датум: 25. 02. 2020
Време: 19:00 часот
Фотографии од отворањето на Изложбата на архитектонски студија - ИАС 15, одржано на 13.02.2020 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од новогодишната прослава на Архитектонскиот факултет во Скопје, одржана на 30.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.

Фотографии од излагањето на ЕАСА Македонија, кои во рамки на програмата „Талент“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаа свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 18.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.

Ве покануваме на промоција на публикацијата „Архитектурата на новата музеологија: од музеј-зграда до музеј-територија“, приредена од доц. д-р Мери Батакоја. Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.
Промоцијата е замислена како разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова - Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ - Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ - Скопје, во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , на 26.12.2019 (четврток), во 13 часот.
Промоцијата ќе ја отвори Деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Огнен Марина.

Излагање на коилешките и колегите од ЕАСА Македонија, кои во рамки на програмата „Талент“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе имаат свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 18.12.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од посетата и излагањето на архитектот и професор Френк Флури (Frank Flury) од Институтот за технологија на Илиниоис, САД, кој во рамки на Деканската серија предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 11.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.