Изложба на студентски архитектонски проекти на тема Ревитализација на Античкиот театар во Охрид, која ќе се со отвори во понеделник, 26.11.2018 година во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид
Предавање насловено „MY WAY" на архитект Пако Радовановиќ во рамки на програмата Практископ од Новите дијалози кои се одржуваат на Скверот на АФС. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Излагање на архитект Дамјан Кокалевски во рамки на програмата Талент на Скверот на АФС
Фотографии од предавањето на Теа Дамјановска, која минатата среда, 24.10.2018, во рамки на програмата Талент имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет. СО нејзиното излагање започна реализиацијата на воннаставната платформа Нови дијалози за учебната 2018/19 година.
Фотографии од свечениот час и прославата по повод 6-ти октомври, денот кога се одбележува 69 годишнината од формирањето на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот се одржа во понеделник, 8-ми октомври, на Архитектонскиот факултет.
Фотографии од церемонијата на свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, одржана во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје во понеделник, 1.10.2018-та година.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, ќе се одржи во понеделник, 1.10.2018 во 12.00 часот, во амфитеатарот на факултетот.
Редовната настава за првата и останатите студиски години ќе отпочне, според објавениот распоред.
Ви посакуваме успешна учебна година.
Од Деканатот