ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Samia Henni confirmed

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на уште едно предавање од серијата Пролетни предавања. Предавањето на доцент СамиаХени насловено„Токсична архитектура“ ќе се одржи во среда на 28. април 2021 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.

Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:

СамиаХени е историчар на архитектура, доцент по Историја на архитектура и урбанизам на Одделот за архитектура при Колеџот за архитектура, уметност и планирање на Универзитетот Корнел. Таа е автор на повеќекратно наградуваната Архитектура на контрареволуцијата: Француската армија во Северен Алжириздадена од Институт за историја и теорија на архитектуратаво 2017, на англиски и француски јазик.Уредник е на едицијатаТрудовибр. 2, насловенаВоени зонииздадена од Институт за историја и теорија на архитектуратаво2018.Автор е на изложбите: Фармакологија на домувањето / Право на домување (Манифеста 13, Марсеј, 2020 година) и Дискретно насилство: Архитектурата и француската војна во Алжир (Цирих, Ротердам, Берлин, Јоханесбург, Париз, Прага, Итака, Филаделфија, 2017–19).

СамиаХени докторирала Историја и теорија на архитектура (со одликување, ЕТХмедал) на ЕТХ Цирих.Предавала на Универзитетот Принстон, ЕТХ Цирих и Универзитетот за уметност и дизајн во Женева. Нејзините наставни и истражувачки интереси вклучуваат историја и теорија на изграденото, уништено и замислено опкружување во релација со колонијализмот, раселувањето, родот, природните ресурси и војните. Во тековната книгаКолонијална токсичност: Француската армија во Сахара,Хени испитува како француските воени власти ги трансформирале териториите на Сахара, особено алжирска Сахара, по Втората светска војна.