
Почитувани,
Ве покануваме на јавното предавање на Газменд Ајруловски од Intelligent Network Solutions со наслов Digital Twin Concepts. Предавањето ќе се одржи во четврток, 09.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Газменд Ајруловски е извршен директор со повеќе од 20 години работно искуство кој сè уште сака да пишува кодови. Инженер во срцето, љубител на стари рачни часовници со посебна врска со шахот и кошарката. Тој е ко-основач на INS, софтверска компанија која испорачува извонредност во ГИС уште од 2007 година.
Архитектонски факултет Скопје
Фотографии од отворањето на 21. Изложба на архитектонски студија – ИАС 21 на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата се отвори на 15 февруари 2023 година. Автор на фотографиите е Мила Гавриловска
