
Со цел да се поттикне подиректна комуникација, соработка и размена на знаења меѓу докторандите и наставниците од различни технички факултети, Советот на докторските студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет во Скопје и Советот на докторските студии по Градежништво на Градежниот факултет во Скопје, во координација со Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организираа годишна конференеција што се одржа на 18.12.2025 година во аудиториумот на Архитектонскиот факултет во Скопје. На годишната конференција земаа учество вкупно 14 докторанди, од кои 2 докторанди од студиската програма по градежништво и 12 докторанди од студиската програма по архитектура и урбанизам, кои имаа јавно претставување на своите истражувања.

На 18.12.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, ас. м-р Максим Наумовски, доц. д-р Павел Вељаноски и арх. м-р Мирослав Пејовски од архитектонското студио К87А ќе имаат свое излагање со наслов: Присуство и форма.
Ве очекуваме!

Годишната конференција за студентите од втори, четврти и шести семестар на Докторските студии по архитектура и урбанизам и Докторските студии по градежништво во зимскиот семестар од учебната 2025/2026 година ќе се одржи на Архитектонскиот факултет во Скопје во четврток, 18.12.2025 година, со почеток во 9:00 часот, во аудиториумот на факултетот (сала 115). Годишната конференција се реализира во организација на Советот на студиската програма по Архитектура и урбанизам, Советот на студиската програма по Градежништво и Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Линк до Програма на годишната конференција.

На 11.12.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, арх. Методи Хаџи-Андов од архитектонското студио ПАРАМЕТАР ќе има свое излагање со наслов: Препрочитување на просторот: иновативни интервенции во постоечки структури – нов животен век на постојните објекти.
Ве очекуваме!
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
02–05 декември 2025
Во рамките на меѓународниот проект „TNE_SULIEIA“ – Med_ASA Mediterranean Advanced School of Architecture, на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи меѓународен семинар и специјализирана работилница.
МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ „TNE_SULIEIA“
Med_ASA Mediterranean Advanced School of Architecture
Програма TNE – Транснационални едукативни иницијативи
ТЕМА: “Space–Soil: Designing for Risk in Public Space”
СЕМИНАР И РАБОТИЛНИЦА | 02–05 декември 2025
SOIL AS 3D — “Density, Dynamic, Design”. Living Machines.
Архитектонски факултет – Скопје, УКИМ
ПАРТНЕРИ:
Архитектонски факултет при Универзитет „Медитеранеа“ во Реџо Калабрија (координатор)
Архитектонски факултет при Универзитет „Федерико II“ во Неапол
Архитектонски факултет при Универзитет POLIS во Тирана
Архитектонски факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет при Универзитет на Црна Гора во Подгорица

На 27.11.2025 (четврток) во аудиториумот (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р арх. Невенка Манчева Аџиевска и м-р арх. Марија Антиќ Николова, од архитектонското студио АРХИПУНКТ ќе имаат свое излагање на тема: Помеѓу универзалното и личното: Сознанија од две куќи.
Ве очекуваме!
На 19 ноември 2025 година во Изложбената сала на Архитектонскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше промовирана книгата „Principia Architectonica“ од Алберто Кампо Баеза, во превод на македонски јазик на проф. д-р Влатко Коробар. Во рамките на промоцијата, поставена е изложба на проекти и објекти од книгата.

На 20.11.2025 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 18.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р арх. Симона Чингоска ќе има свое излагање на тема: Архрид: Индивидуална иницијатива-колективно делување.

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

