Архитектонска изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“
Повеќе: Архитектонска изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“
Почитувани,
Ве покануваме на јавното предавање на Ран Голдштајн од Bar Ilan Center for Smart Cities од Рамат Ган, Израел со наслов “Why do we have only smart (ass) cities?”.Предавањето ќе се одржи во вторник, 14.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е член на Центарот за паметни градови Бар-Илан, одговорен за сложени соработки кои бараат креативност и размислување надвор од рамката. Исто така е активен и во обезбедување на консултантски услуги за технолошки компании за адаптација на производи и стратегии за развој на бизнисот, реализира предавања и работилници за промовирање на иновациите, одржливоста и паметните градови.
Почитувани,
Ве покануваме на јавното предавање на Газменд Ајруловски од Intelligent Network Solutions со наслов Digital Twin Concepts. Предавањето ќе се одржи во четврток, 09.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Газменд Ајруловски е извршен директор со повеќе од 20 години работно искуство кој сè уште сака да пишува кодови. Инженер во срцето, љубител на стари рачни часовници со посебна врска со шахот и кошарката. Тој е ко-основач на INS, софтверска компанија која испорачува извонредност во ГИС уште од 2007 година.
Архитектонски факултет Скопје