
Архитектонскиот факултет – Скопје, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
и
Програма за развој на Обединетите нации
Ве покануваат на
Одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи
„Финансирај ја отпорноста, а не катастрофи“
13 октомври 2025
Почитувани,
Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи (IDDRR) 2025, кој има за цел да ја зголеми свеста и да поттикне активности за создавање побезбедни, поотпорни и одржливи заедници.
Годинешната тема, „Финансирај ја отпорноста, а не катастрофи“, го нагласува значењето на пренасочување на финансиските ресурси од реактивно справување со катастрофи кон проактивна превенција и подготвеност. Настанот ќе обедини студенти, професори, експерти и практичари кои ќе дискутираат како архитектурата, урбанизмот, инженерството и природно базираните решенија можат да придонесат за намалување на ризиците и зајакнување на отпорноста.
Детали за настанот
Датум: Понеделник, 13 октомври 2025 година
Време: 16:00 – 17:30 часот
Локација: Аудиториум 115, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Организатори: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) и Архитектонски факултет

На 16.10.2025 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 19.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, студентите Галена Филиповкса и Ања Тодоровска ќе имаат свое излагање за споделување на искуството стекнато со ЕРАЗМУС+ програмата во учебната 2024/2025 година.

Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на свеченoто одбележување на јубилејот 76 години од основање на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во понеделник, 6-ти октомври 2025 година, придружено со следните настани:
12.00 часот – Свечена седница во Амфитеатарот на Факултетот (втор кат)
12.30 часот – Доделување на награди за најдобри студенти 2024/2025 година
13.00 часот – Коктел на „сквер“ на Архитектонски факултет

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

