Почитувани колеги,
Со задоволство Ве покануваме на предавањето на реномираниот м-р Џовани М. Ботини, претседател на управниот одбор и директор на Систематика, компанија од Милано, Италија, која има повеќедецениско искуство во изработка на современи сообраќајни модели и решенија, студии, анализи и транспортни планови кои се движат во рангот од национални транспортни системи во повеќе држави во светот, низ сообраќајни планови за одржлива урбана мобилност до сообраќајни решенија во соработка со реномирани светски архитекти.
Предавањето ќе се одржи во понеделник, 30-ти мај, 2022 година со почеток во 14.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Петар Сагесер: Architecture Wonderland
Со задоволство Ве покануваме на предавањето на Петер Сагасер, архитект и истражувач од Берн, насловено „Architecture Wonderland“ кое ќе се одржи во четврток, 19-ти мај, 2022 година, со почеток во 19.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Богатото искуство на Петер Сагасер како истражувач на социјалистичката архитектура во Централна и Источна Европа е богато документирано и прикажано во различните форми на дигитално архивирање создавајќи уникатна збирка на документи и фото записи за огромен број на објекти од втората половина на 20-от век.
Почитувани,
Ве покануваме на првото предавање организирано од Факултетското студентско собрание при Архитектонски факултет Скопје кое ќе го одржи архитектонското биро Bietenhader Moroder, насловено Dumb Emancipatory Housing. Dumb Emancipatory City Planning. Предавањето ќе се одржи во среда, 18 мај од 19.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет.
Почитувани,
Ве покануваме во рамките на Деканската серија на предавања на предавањето на проф. д-р Албена Јанева, директор на Manchester Architecture Research Group (MARG), Manchester Urban Institute, насловено Meaningful Disruptions: Mapping Controversies and Innovations in Architecture at The Time of Political and Pandemic Upheavals кое ќе се одржи во вторник, 19 април, 2022 година, со почеток во 12.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ни причинува задоволство да Ве известиме дека Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ започнува со пролетното издание на Деканската серија на предавања на 19-ти април, 2022 година.
Повеќе: Деканската серија на предавања на 19-ти април, 2022 година.
СООПШТЕНИЕ
На 14 април (четврток), со почеток во 12 часот, во амфитеатарот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ќе се одржи предавање на тема: „Зеленило, отворен простор и хуман урбанизам – Лекции за одржлив развој од пост-земјотресно Скопје“.
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе земе учество во проектната активност на Град Скопје „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“.
Презентацијата на студиските програми на Архитектонскиот факултет - Скопје ќе се одржи на 15.3.2022 со почеток во 13 часот преку платформата Microsoft Teams.