Фотографии од предавањето на доц. д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино насловено „Употреба, симбол, архитектонски елементи„ кое се одржа во амфитеатарот на АФС при УКИМ во Скопје на 9 мај 2023. Автор на фотографиите е Бојана Исијанин.
Ве покануваме на предавањето на доц. д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино со наслов „Употреба, симбол, архитектонски елементи“ кое ќе се одржи во вторник 9. мај 2023 год. со почеток во 20.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет Скопје.
Повеќе: д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино
Рок за доставување на апстракт на труд: 30 април, 2023 (детали тука)
Рок за рана регистрација за учество на Симпозиумот: 30 мај, 2023 (детали тука)
На локацијата на која ќе се одржува Симпозиумот ќе биде обезбеден специјален изложбен простор за спонзорите и поддржувачите на настанот. Условите за учество со Спонзорство се достапни на следниов линк.
Повеќе: Предавање „Реконструкција на римскиот театар во Пула“
Почитувани,
Ве покануваме на јавното предавање на Ран Голдштајн од Bar Ilan Center for Smart Cities од Рамат Ган, Израел со наслов “Why do we have only smart (ass) cities?”.Предавањето ќе се одржи во вторник, 14.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е член на Центарот за паметни градови Бар-Илан, одговорен за сложени соработки кои бараат креативност и размислување надвор од рамката. Исто така е активен и во обезбедување на консултантски услуги за технолошки компании за адаптација на производи и стратегии за развој на бизнисот, реализира предавања и работилници за промовирање на иновациите, одржливоста и паметните градови.