Ве покануваме на предавањето на доц. д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино со наслов „Употреба, симбол, архитектонски елементи“ кое ќе се одржи во вторник 9. мај 2023 год. со почеток во 20.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет Скопје.
Манфредо ди Робилант е доктор на науки од областа Историја на модерната архитектура од Политехничкиот Универзитет во Торино, каде што работи како доцент по Архитектонско проектирање. Тој бил научен соработник на 14-тото Биенале за архитектура во Венеција, раководено од Рем Колхас, и гостин истражувач во Канадскиот архитектонски центар во Монтреал. Сржта на неговото истражување е врската меѓу употребата и симболот во архитектурата, која тој особено ја истражува преку архитектонските елементи. На оваа тема тој предавал на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Институтот за ликовни студии во Бремен, Институтот Стрелка, Факултетот за дизајн на Харвард, Политехника во Милано, Техничкиот Универзитет во Делфт. Меѓу неговите публикации, книгите посветени на плафонот и прозорецот (2014) за 14-тото Биенале за архитектура во Венеција (со Рем Колхас, AMO и Факултетот за дизајн на Харвард), есеите „Мрежење на небото. Кровот на Новата Национална галерија“, во Новата Национална галерија. Музеј на Мис ван дер Рохе (2021), „Лекување на монументалноста, предупредувачки водич за создавање нови монументи“ во «Volume» 61, 2022, „ Употреба наспроти/и/или Симбол. Плафонот како архитектонски лакмусов тест“ во «World Architecture», 393, 2023. Тој е основач и партнер на архитектонското бирото DAR architettura, со Џовани Дубриано и Алесандро Армандо. Проекти на бирото се објавени во списанијата “Dezeen”, “Domusweb”, “Architectural Record”, “The Architects Newspaper”, “Abitare”.