Почитувани колешки и колеги,
Ве повикуваме на предавањето на Проф. Микеле Бонино, архитект, професор и раководител на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино, Италија, кое ќе се одржи во понеделник, 20.11.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предавањето е отворено за јавноста.
Свечено врачување индекси на студентите запишани во првиот семестар на Архитектонскиот факултет Скопје во учебната 2023 - 2024 година. Церемонијата се одржа на 2.10.2023 во амфитеатарот на Факултетот.
Автор на фотографиите е Бојана Исијанин.
Известување до студентите запишани во прва година на Додипломски студии по архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје
Најавувањето на системот Iknow можете да го направите во три чекори:
1. Повикајте ја страницата http://www.iknow.ukim.mk/ за да се најавите на системот.
2. На линкот заборавена лозинка ќе добиете e-mail со линк за промена на лозинка. Вашата e-mail адреса е сега кирисничко име за влез во системот.
3. Со промена на лозинката вашата процедура за активација за најава на Iknow системот е завршена
Напомена: За промена на лозикна имате највеќе 30 мин. Пораките можат да дојдат во JunkMail фолдерот. Од моментот на промена на лозинка до добивањето на e-mail от можат да поминат неколку минути поради оптеретување на системот.