ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Известување до студентите запишани во прва година на Додипломски студии по архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје

Најавувањето на системот Iknow можете да го направите во три чекори:

1. Повикајте ја страницата http://www.iknow.ukim.mk/ за да се најавите на системот.

2. На линкот заборавена лозинка ќе добиете e-mail со линк за промена на лозинка. Вашата e-mail адреса е сега кирисничко име за влез во системот.

3. Со промена на лозинката вашата процедура за активација за најава на Iknow системот е завршена

Напомена:      За промена на лозикна имате највеќе 30 мин. Пораките можат да дојдат во JunkMail фолдерот. Од моментот на промена на лозинка до добивањето на e-mail от можат да поминат неколку минути поради оптеретување на системот.



Доколку не можете да се најавите на системот (на линкот https://iknow.ukim.mk), постапката е следна:

1. следете го линкот заборавена лозинка?
2. системот ќе побара да внесете на која е-адреса да испрати порака со линк за ресетирање на вашата лозинка (оваа адреса мора да биде адресата со која сте заведени во iKnow-системот, т.е. адресата на која сте ја добиле оваа порака)
3. во поштенското сандаче со наведената е-адреса ќе добиете порака од системот со споменатиот линк. Доколку не Ви е пристигната проверете ги папките Junk/Spam.
4. Следете го линкот во пораката и дефинирајте ја својата нова лозинка (ја внесувате два пати заради намалување на можноста за грешка). Вашата нова лозинка мора да биде со определена комплексност, т.е. да содржи мали, големи букви, бројки и специјални знаци (@,#,%,!...) и мора да биде со минимална должина од 8 знаци.

Со регистрирањето во iKnow-системот, можете да продолжите кон формирањето на вашиот електронски профил во системот за единствена најава на Универзитетот. Овој профил ви овозможува пристап кон сите авторизирани сервиси на Универзитетот, а за вас најважен во овој момент е пристапот кон MS Teams

Вашиот профил во системот за единствена најава на Универзитетот се состои од корисничко име (различно од вашата е-адреса за пристап кон iKnow-системот од погоре) и лозинка. Корисничкото име најчесто е од облик: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сепак, за да го дознаете вашето корисничко име во системот за единствена најава на Универзитетот и да ја поставите/промените лозинката:

Дознавање на корисничкото име

1. отворете ја веб-страницата: https://servisi.ukim.mk
2. следете го линкот Најавете се
3. во новата форма следете го линкот Го заборавив корисничкото име?, внесете ја е-адресата со која се најавувате на iKnow-системот и притиснете го копчето Прати.
4. на е-адресата со која се најавувате на iKnow-системот ќе добиете порака со вашето корисничко име во системот за единствена најава.


Поставување/промена на лозинка

1. отворете ја веб-страницата: https://servisi.ukim.mk и следете го линкот Најавете се
2. во новата форма следете го линкот Заборавена лозинка?, а потоа внесете го вашето корисничко име од системот за единствена најава (она кое го дознавте во претходниот чекор – внимавајте, не корисничкото име, односно вашата е-адреса со кое се најавувате во iKnow-системот). На крај кликнете го копчето Прати линк.
3. на е-адресата со која се најавувате на iKnow-системот ќе добиете порака од УКИМ – Ресет на лозинка со линк за поставување/промена на лозинката.
4. следете го линкот и внесете го корисничкото име (од системот за единствена најава) и новата лозинка. Новата лозинка мора да ги следи правилата за комплексност е треба да е составена од минимум 9 или повеќе знаци и притоа мора да содржи големи букви, мали букви, бројки и специјален знак (@, #, %, ! ...).
5. на крај кликнете го копчето Ресетирај.