ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

 3dlm0002

7-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан во Ријека

Регионален повик за апликации за стипендии за млади истражувачи

На Ректорскиот форум за Југоисточна Европа и Западен Балкан, Центарот за напредни студии на Универзитетот во Риека, кој постои од 2013 година иницираше создавање на мрежа на центри за напредни студии за унапредување на соработката помеѓу универзитетите во регионот. Мрежата на центри за напредни студии има за цел да ги унапреди начите заеднички потенцијали за научна работа и да работи на создавање на единствена регионална стратегија за развој на универзитетите и научната работа во регионот. Крајната цел на овој процес е поддршка на младите истражувачи од регионот, обезбедување на соодветни капацитети и услови за развој на науката и високото образование и намалување на последиците од процесот на „одлив на мозоци“ од регионот.

За таа цел, заедно со партнерските центри како Центарот за напредни и постдокторски истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Центарот за напредни студии на Универзитетот во Ријека на Ректорскиот форум во Ријека го отвори регионалниот повик за стипендии за млади истражувачи од регионот и Европа посветен на „градењето на културата на заедничка иднина“. Со овој регионален повик ќе се финансираат и поддржат истражувања и работата на млади истражувачи кои ќе ги истражуваат наративите, просторните практики и политиките кои ќе ја промовираат заедничката визија за заедничка иднина. Регионалниот повик е за апликации за доделување на стипендии за три до девет месечен студиски престој на млади истражувачи кој ќе се реализира во Центарот за напредни студии на Универзитетот во Ријека, но во зависност од темата на истражувањето дел од добитниците на стипендиите ќе престојуваат и во Центарот за напредни и постдокторски истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како и на другите партнерски универзитети од регионот. На повикот можат да се пријават млади истражувачи од регионот и Европа. Деталите на повикот и апликациите можат да се најдат на следната веб адреса: https://cas.uniri.hr/regional-call-for-fellowship-applications/ Крајниот рок за пријавување на повикот е 5-ти Октомври, 2023 година.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на следната адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.