Нови Дијалози – АРТитектура - Васе Петровски Аманито - Создавање архитектонска фотографија – Сквер на АФС - 08.03.2018
Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Нови дијалози - АРТитектура - Васе Петровски Аманито - Создавање архитектонска фотографија - 08. 03. 2018 - (четврток) 19:00
Излагање на тема: „Музеј на Викиншки бродови“ одржано на АФС на 01. 03. 2018. од Андреа Ордевска и Наталија Веселинова.
Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Нови дијалози - Талент - Андреа Ордевска и Наталија Веселинова - Музеј за викиншки бродови - 01.03.2018 (четврток) 18:30
Предавање на фотографот Stefano Perego, кое во организација на АФС беше одржано во музејот на современата уметност во Скопје на 03.03.2018. Автор на фотографиите е Елена Фиданска.
Излагање на Митеш Диксит (MItesh Dixit), одржано на 19.12.2017, во рамки на програмата „360“, насловено како „Потреба за (ре)дефинирање“, односно „The Need for (re)definition)
објавено на: 2017-12-21 13:32:46
На 04.12.2017 година, во рамки на програмата „360“, а со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Македонија, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа предавањето на д-р Лукаш Станек (dr. Lukasz Stanek), предавач на Манчестерскиот архитектонски истражувачки центар при Универзитетот во Манчестер, Велика Британија.
објавено на: 2017-12-01 12:33:38
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА ПАВЕЛ ВЕЉАНОСКИ
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 30.11.2017 година, во склоп на програмата „Талент“ свое излагање имаше магистер архитект Павел Вељаноски, алумни на Архитектонскиот факултет во Скопје. За време на студиите тој три години бил вклучен во наставниот процес на факултетот како соработник на предметите: Архитектонско студио 1, Архитектонско студио 2, Архитектонско студио 3, Архитектонско студио 4 и Внатрешна архитектура. Вељаноски ги завршил своите магистерски студии во јануари 2017 години и е првиот добитник на наградата за архитектура ,,Тигрите”,која амбасадата на Република Полска во Скопје ја доделува за најдобро изработен магистерски проект на студент од Архитектонскиот факултет во Скопје.
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 28.11.2017 година на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа второто предавање во склоп на програмата „Практископ“, каде свое излагање имаше архитект Мартин Пановски,еден од основачите на архитектонско биро Радиус архитекти од Скопје. Како најава за говорникот, за професионалниот профил на Пановски пред присутните се обрати д-р Бојан Каранаков, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје.