Предавање насловено „MY WAY" на архитект Пако Радовановиќ во рамки на програмата Практископ од Новите дијалози кои се одржуваат на Скверот на АФС. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Излагање на архитект Дамјан Кокалевски во рамки на програмата Талент на Скверот на АФС
Фотографии од предавањето на Теа Дамјановска, која минатата среда, 24.10.2018, во рамки на програмата Талент имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет. СО нејзиното излагање започна реализиацијата на воннаставната платформа Нови дијалози за учебната 2018/19 година.
Фотографии од церемонијата на свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, одржана во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје во понеделник, 1.10.2018-та година.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, ќе се одржи во понеделник, 1.10.2018 во 12.00 часот, во амфитеатарот на факултетот.
Редовната настава за првата и останатите студиски години ќе отпочне, според објавениот распоред.
Ви посакуваме успешна учебна година.
Од Деканатот
Предавање на Едзард Шулц и Александра Шулевска, кои во рамки на програмата „360“ (и програмата на „отворениот ден“) имаа свое излагање на Архитектонскиот факултет во Скопје на 12.06.2018 Автор на фотографиите е Васе Аманито.
Предавање на Едзард Шулц и А. Шулевска во организација на АФС, кои ќе имаат свое излагање во амфитеатарот на АФС во вторник во 11.00 часот на 12.06.2018 год.
Предавање на Хуан Меркаде Бруле (во организација на АФС и Шпанската амбасада во Скопје), кој ќе има свое излагање во амфитеатарот на АФС во понеделник во 17.00 часот.
Нови дијалози - АРТитектура - Излагање на модниот дизајнер Драган Христов насловено „Лудус: современа безродова мода наспроти очекувањата“, среда, 09.05.2018, со почеток во 19ч на Скверот на АФС.
Излагање на магистер архитект Андреј Прошевски, кој во рамки на програмата „Талент“ се претстави со 3 свои проекти, на Скверот на АФС во четврток, 03.05.2018 год. Фотографиите се на Елена Фидановска.
Нови дијалози - Предавање на архитект Андреј Прошевски, насловено „Три проекти“, кој во рамки на програмата Талент ќе има свое излагање на Скверот на АФС во четврток, на 03.05.2018 год. со почеток во 19 часот.
Во рамки на програмата „Талент“, aрхитект Звонко Вугрешек во четврток, 19.04.2018-та година имаше свое излагање на Архитектонскиот факултет во Скопје. Предавањето беше насловено „Преку алгоритамски дизајн до интелигентни решенија“.
Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Во рамки на програмата „Талент“, на 19.04.2018 година со почеток во 19:00 часот на АФС / Сквер предавање ќе одржи Звонко Вугрешек. Предавањето е со наслов „Преку алгоритамски дизајн до интелигентни решенија“.
Нови дијалози - Фактотум - Ивица Спасовски - „Дајте ѝ шанса на секоја шанса“ - 12.04.2018 четврток - 19:00 часот - Сквер на АФС. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.