ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

   70GAFS

IMG_5661
IMG_5670
IMG_5675
IMG_5697
IMG_5717
IMG_5725
IMG_5745
IMG_5756
IMG_5762
IMG_5783

НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: 360

ПРЕДАВАЊЕ НА ДАВИД СТОЛЕРУ

На 30.10.2017 година со почеток во 20 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, во рамки на програмата „360“ се одржа второто од серијата предавања на странски професори и експерти, планирани да се одржат во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година. Пред присутните наставници и студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје свое излагање имаше архитект Давид Столеру (David Stoleru), французин, кој живее и работи во Барселона, од каде го раководи проектот,,Беит” (The Beit Project).

повеќе-->

објавено на : 2017-10-31 12:31:50

 

 

DavidStoleru

 

Објавено на: 2017-10-23 11:31:37

 

 

2

 

Oбјавено на 2017-10-19 15:13:20

 

 

IMG_2288
IMG_2291
IMG_2299
IMG_2301
IMG_2302
IMG_2305
IMG_2307
IMG_2318
IMG_2324
IMG_2340
IMG_2341
IMG_2344
IMG_2350
IMG_2353
IMG_2354
IMG_2356
IMG_2360
IMG_2365
IMG_2366

НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ВОНРЕДНИ СЕСИИ

Вонредна сесија 01, Формат: списание

модератори: Владо Данаилов и Мила Димитровска

На 24 октомври 2017 на скверот во јужното крило на Архитектонски факултет – Скопје се одржа првата Вонредна сесија на тема формат: списание
Сесијата беше замилсена како ретроспектива на списанијата за архитектура издавани во Македонија (Информатор, А:, Аршин и Дома) и течеше во форма на модериран разговор со дел од уредниците: професорите Мартин Гулески, Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Јасмина Силјаноска и Влатко П. Коробар. 
За време на разговорот бројната публика имаше ретка прилика да види дел од содржините на овие печатени изданија од 70тите-80-тите и 90-тите години, што беа проектирани на платно.


Соговорниците, длабоко емотивно врзани со материјалот што беше тема на разговор, со голема страст ги споделија сеќавањата за предизвиците поврзани со процесот на создавање на списанијата. Во текот на исцрпниот двочасовен разговор беа доловени аспектите на општествениот контекст во кој се пишувало,  потребата од пишување (за) архитектура, техничките аспекти на издавање и публикување итн

 

објавено на: 2017-10-20 15:10:08

 

 

 

1

 

Објавено на 2017-10-19 15:15:59

 

IMG_0774
IMG_0779
IMG_0781
IMG_0787
IMG_0796
IMG_0802
IMG_0806
IMG_0811
IMG_0817
IMG_0821
IMG_0829

НОВИ ДИЈАЛОЗИ:

На 19.10.2017 година на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа првиот од серијата планирани јавни настани (со различен формат: предавања, излагања, разговори, работилници...), кои се инспирирани и водени од идејата за воспоставување на нова образовна траекторија која би се реализирала паралелно на формалниот академски курикулум и која би претставувала негово логично надополнување.
На 19.10.2017 година, со почеток во 18 часот, на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа првиот од серијата планирани излагања во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“.
 
 
Објавено на 2017-10-20 13:41:00
 
 

 

image002

Покана за саемот на студии
во Франција кој ќе се одржи в четврток, 26
октомври 2017, во НУБ „Св. Климент
Охридски“ во Скопје, од 11:00 до 16:00 часот

Покана за саемот на студии

image001

 

објавено на 2017-10-19 13:05:54

Talent-01-gif

 

 објавено на 2017-10-17 11:28:04

 

DSC_1000
DSC_1043
DSC_1065
DSC_1068
DSC_1080
DSC_1083
DSC_1113
DSC_1152
DSC_1166
DSC_1194
DSC_1198
DSC_1201
DSC_1242
DSC_1255

СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА НАСТАВНО-НАУЧНИОТ СОВЕТ НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ“

На 06.10.2017 година во 13.00 часот, во салата за состаноци на Архитектонскиот факултет во Скопје, по повод 68 години од првиот академски час на Техничкиот факултет во Скопје одржан на 6-ти октомври 1949 година, се одржа свечена седница на Наставно-научниот совет. На седницата беа поканети да присуствуваат и поранешните декани на Архитектонскиот факултет во Скопје, претставници на студентите, како и други гости.

Свечената седница на Наставно-научниот совет ја отвори деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје – проф. д-р Огнен Марина, осврнувајќи се во својот пригоден говор на почетоците и текот на работата на Факултетот во изминатите 68 години. Потоа, на присутните им се обрати професорот Ѓорѓи Константиновски, споделувајќи ги своите лични искуства од студирањето како дел од првата генерација студенти запишани на Техничкиот факултет во Скопје. Во продолжение, продеканот за наставно-научни и студентски прашања, доц. д-р Јован Ивановски, ја претстави програмата за одбележување на 68 години од првиот академски час, планирана за одржување во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година. По завршувањето на формалниот дел од свечената седница присутните беа поканети на коктел и неформално дружење.

објавено на 2017-10-16 11:20:42

Cirre-logo-2023

9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024

 

MKD post social-media 1-1

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

ALB post social-media 1-1

Shijo jetën studentore dhe beso në të ardhmen

ПостерГрадотКакоСцена
Градот како сцена: изведување на јавниот простор
 
KonkursEI-2
 
AseismicSummer1
AseismicSummer6
 
thumbnail Logo MEXT
MEXT scolarship
Erasmus
ERASMUS+ конкурс за студентска мобилност 2023-24
Erasmus
Еразмус+ Конкурс за академска мобилност на наставен кадар за учебната 2023-24 година
 

titan2022 
 
Банер SoCoN aaa2022
 
MedjunarodenKoRasadnik 2