Фотографии од излагањето на архитектката и професорка Маруша Зорец од Словенија, која во рамки на серијата декански предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 27.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од излагањето на проф. д-р Елизабета Маторкиќ Бисениќ, ликовен уметник, која во рамки на програмата „Артитектура“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 20.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Маруша Зорец
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на архитектот Маруша Зорец професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Република Словенија.