
Известување за следење на подготвителна настава на Архитектонски факултет - Скопје
Се известуваат кандидатите пријавени за подготвителна настава дека наставата ќе се одвива според следниот распоред:
- Предавања > 6.7.2026 г. (понеделник) – 10.7.2026 г. (петок) од 10.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет;
- Вежби > 6.7.2026 г. (понеделник) – 10.7.2026 г. (петок) од 12.00 часот во големата сала и училниците на Архитектонскиот факултет;
- Демо тестирање > 11.7.2026 (сабота) од 10.00 часот во големата сала и училниците на Архитектонскиот факултет.
За следење на подготвителната настава секој кандидат треба да има сопствен прибор за работа – хартија за цртање (10-15 бели А4 листови) и прибор за цртање (моливи, гума и острилка).
Во понеделник, 6.7.2026 г., кандидатите треба да бидат пред главниот влез на Архитектонскиот факултет (од страната на бул. „Партизански одреди“) во 9.30 часот – половина час пред почетокот на предавањата. Сите кандидати со себе задолжително да носат документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
Студентите кои пријавата и уплатата ја извршиле по 2.7.2026 г. со себе треба да носат и потврда за уплата на подготвителната настава.