Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на свеченoто одбележување на јубилејот 76 години од основање на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во понеделник, 6-ти октомври 2025 година, придружено со следните настани:
12.00 часот – Свечена седница во Амфитеатарот на Факултетот (втор кат)
12.30 часот – Доделување на награди за најдобри студенти 2024/2025 година
13.00 часот – Коктел на „сквер“ на Архитектонски факултет
Почитувани,
Ве известуваме дека свеченото доделување на индексите за новите студенти на Архитектонскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, за академската 2025/26 година, ќе се оддржи на 1.10.2025 година (среда) во 14.00 часот во Амфитеатарот на факултетот.
Ќе ни претставува особена чест доколку присуствувате на свечениот настан и заедно го одбележиме стартот на новата академска година.