
И З В Е С Т У В А Њ Е
за продолжување на постапката за вработување
Во врска со Јавниот оглас бр. 1/2025 за вработување на неопределено време во Стручната и административна служба на Архитектонскиот факултет - Скопје, објавен во дневните весниците “Вечер прес” и “Коха” на 7.8.2025 година, Ве известуваме дека постапката за вработување, која беше претходно ставена во мирување со Одлука бр. 02-2/66 од 11.8.2025 година, продолжува на ден 12.11.2025 година, согласно Заклучокот за завршување на Локалните избори 2025 година, за Избор за членови на советите на општините и Совет на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, бр. 08-3716/5 од 12.11.2025 година, донесен од Државната изборна комисија на ден 12.11.2025 година.
Архитектонски факултет – Скопје
Скопје, 13.11.2025 година
На 11.11.2025 година, во 19 часот по грчко време, пред бројна публика во Галеријата на Школата за архитектура при Аристотеловиот универзитет во Солун, беше отворена архитектонската изложба „Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ (The Future as a Project: Doxiadis in Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година.
Повеќе: Изложба во Солун „Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“
На 30.10.2025 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 19.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, м-р арх. Константин Трпеноски ќе има свое излагање на тема: Ефемерна архитектура: Перформативни простори.

Костантин Трпеноски (1984) е архитект и сценограф. Студирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Техничкиот универзитет во Виена под менторство на архитектот William Alsop.
Неговата работа опфаќа проекти од сценски дизајн и концептуална архитектура, истражувајќи ја границата меѓу уметноста и архитектонската практика.
Трпеноски е основач e на студиото MVV.DESIGN. Учествувал на повеќе изложби за архитектура и дизајн и добитник е на неколку значајни награди меѓу кои: Прва награда за идејно решение за пешачки мост на реката Дрим во Струга, 2011, Прва награда за урбанистичко решение (Простор околу железничката станица во Велс), Австрија, 2018 година, две Втори награди за идејно архитектонско решение за едукативен кампус во Виена, Австрија во 2013 и 2024 година. За неговата работа како сценограф, Трпеноски два пати е добитник на наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ Прилеп во 2019 и 2023 година.