Фотографии од доделувањето на пофалниците и наградите на студентите чии семестрални проекти беа селектирани како најуспешни во рамки на работата на студијата во зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година, а кои беа изложени на 13-то издание на Изложбата на архитектонски студија, одржана од 13-20 февруари 2019 година на Архитектонскиот факултет. Фотографиите се на Елена Фидановска.
Фотографии од отворањето на Изложбата на студентски трудови со наслов „Прототип на градина за деца - направено во Куманово“ составена од архитектонски проекти работени на предметот Селектирани теми од објекти за колективно домување. Изложбата беше отворена во Домот на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово на 28.02.2019. Проектите се резултат на соработката на Архитектонскиот факултет при УКИМ и Општината Куманово.
Фотографии од отворањето на Изложбата на архитектонски студија - ИАС13, отворена на 13.02.2019 година. Фотографиите се на Ангела Петровска.
Фотографии од изложбата и презентацијата на студентски проекти за внатрешно преуредување на просторот за угостителство во Скопје сити мол, работени на предметот Внатрешна архитектура 2. Фотографиите се на Ангела Петровска.
ИЗЛОЖБА на архитектонски проекти од предметот селектирани теми од објекти за колективно домување
ПРОТОТИП НА ГРАДИНА ЗА ДЕЦА - НАПРАВЕНО ВО КУМАНОВО
Дом на култура Трајко Прокопиев, Куманово / 28.02.2019 / 20:00 часот