Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Потврдувајќи ја успешноста на континуираната соработка во областа на просторното и урбанистичкото планирање, архитектурата и културното наследство, како и изразената потреба за унапредување на идната соработка и размена на знаења, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Агенцијата за планирање на просторот на 5-ти февруари, 2021 година потпишаа Меморандумот за соработка со што го засилуваат партнерството. Директорката на Агенцијата за планирање на просторот м-р Андријана Андреева и Деканот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје професор д-р Огнен Марина ја потврдија важноста на заедничката соработка помеѓу двете институции која во иднина ќе овозможи блиска соработка при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти, планови, активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој, посебно во областа на планирањето, архитектурата и културното наследство, како и унапредување на наставниот процес и истражувачката дејност со размена на знаења и искуства.
ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
Јавна презентација на студентски задачи од предметот УО2 од 9ти семестар
Јавната презентација на студентските трудови ќе се одржи на 18ти февруари 2021 год. со почеток во 10:00 часот, онлајн преку платформата Микрософт Тимс и на неа се поканети да присуствуваат Локалната самоуправа на Град Скопје, колегите од Архитектонскиот факултет Скопје и сите заинтересирани стручни лица и граѓани.
На презентацијата може да се приклучите следејќи го следниот линк:
https://teams.microsoft.com/l/meetup-join
Повеќе: за настанот ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС
НОВА ПРОСТОРНА РЕАЛНОСТ НА ГРАДОВИТЕ – ПОСТ КОВИД-19
Овој меѓународен архитектонско урбанистички конкурс е отворен и анонимен. Конкурсот е чисто академски и неговата главна цел е да иницира информирана дебата за новите концепти и парадигми кои ќе ја обликуваат иднината на градовите.