Проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ и во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, ќе биде прикажан во салата за проекции на Музејот во среда, 6.11.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографии од излагањето на Андријана Тилиќ, архитектка и фотографка, која во рамки на програмата „Фактотум“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 30.10.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од излагањето на Хорхе Мејиа Хернандез (Jorge Mejia Hernanzdez), професор на Одделот за архитектура при Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, кој во рамки на програмата „360“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 24.10.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.