Студио 7/1
Архитектонско Студио 7/1 – 2015 – 2016
Локација:
Охридско езеро, Охрид
Педагошки тим:
Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров
Програм: Хотел со 30гостински соби.
Охрид, 1960-ти, почетоци на мотонаутиката (http://www.aquatica.mk/Interview.aspx?NewsID=7)
Дали во Охридското езеро има остров? Ако постоеше сигурно ќе беше евидентиран, ќе имавме некаква географска индиција за неговата местоположба, потекло, фигура. Но дали може да замислиме остров? Остров/објект кои излегува од површината на езерото и станува нова вертикална аксијала токму наспроти кејот на градот Охрид. Дали може да замислиме таква вертикала во постојната силуета на градот? Вертикална структура со утилитарна програма но секако и со симболичка вредност. Вовед во градот Охрид, од страната на езерото, но и визуелна аксијала и точка на атракција од страна на градот.
Студиото 7/1 ќе работи на ова претпоставка за остров/објект, од трагите на вештачкиот фрагмент во езерото во продолжење на пристаништето од шеталиштето покрај езерото. Неговата форма, структура, програмско и просторно интерпретирање, однос кон езерото и градот, нивната силуетата, ќе биде предмет на проектот.
![]() |
![]() |
A drawing of the Lighthouse of Alexandria, Pharos, H. Thiersch (1909) ;
Colossus at Rhodes, The bronze statue of Helios (Apollo), Rhodos (finished 280 B.C. destroyed during an earthquake in 224 B.C.)
Архитектонско студио, VII семестар , 2014 / 2015
ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА НА
КОМУНАЛЕН ГРАДСКИ ОТПАД
Педагошки тим: Александар Радевски, Горан Мицковски, Никола Стрезовски, Марио Батковски
Локација: Скопје: Индустриска зона Исток, локалитет Вардариште
Одржувањето на современата цивилизација и понатамошниот нејзин развиток не се можни без производните процеси. Бројни се проблемите кои настануваат при производството. Како примарен и најзначаен проблем е загадувањето на просторот на нашата планета во сите свои компоненти. Од мноштвото на влијателни фактори кои ги загадуваат основните компоненти на нашата планета се и комуналните тврди отпадоци.
Со порастот на современиот град се зголемуваат и отпадоците што овој „жив организам“ секојдневно асимилира големи количини на производи, а веќе наредниот ден скоро во иста количина ги исфрла во вид на отпад.
Од сето ова произлегува дека со голема одговорност треба да се пристапи кон хигиено-техничко отстранување на отпадот и сите останати компоненти кои загадуваат, за да се сочува човекот, човековата околина и природата во целост.
VIII семестар - летен семестар 2014/2015
Архитектонско студио, VII семестар , 2014 / 2015
ХОТЕЛ РАДОЖДА: НА ГРАНИЦА
Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров
Локација: Село Радожда, Охридско езеро
Програм: Екотуристичко одморалиште со 30- 70 гостински соби.
На крајниот северозападен дел на Охридтското езеро, на самата граница кон Република Албанија, е местото на поранешното летно одмаралиште/ камп на фабриката Треска. Се наоѓа во непосредна близина на пикторескното рибарско село Радожда и поседува извонреден потенцијал во однос на неговата местоположба, како кон непосредната околина, така и кон длабокиот хоризонт на езерото. На кој начин можеме да развиеме типологија, програма, контекст за еден објект од областа на угостителството, а притоа да ги задржиме/уважиме/унапредиме постојните отворени карактеристики на местото? На кој начин објектите од областа на туризмот можат да се дел од глобалните барања, но истовремено да одговорат и да ги унапредат специфичните енвироментални и социокултурни својства на местата?
Целта на студиото е да се истражат просторните и програмските можности на природни локации на северозападниот дел на Охридското езеро. Да се предложи начин како да се задржат основните природни вредности на местото, а истовремено да се додадат нови употребни и семантички вредности, преку еден нов артифициелен слој.
Претпоставка е дека преку серија сценарија на хипотетички трансформации на оваа природна положба, можеме да ги покажеме неговите можности за трансформација како синтеза на архитектурата и природата, традицијата и современото.
Територијата на поранешно одморалиште; Радожда,прослава на Велигден 1998 (Economopoulos, Nikos, 1998.Radozda village. Easter celebrations. [photograph] Avaible at:http://www.magnumphotos.com/image/PAR150199.html [Acessed 15 September 2014] ; Сцена од филмот Мирно лето(1961)Режиран од Димитрие Османли. Македонски филм