Архитектонско студио, VII семестар , 2014 / 2015
ХОТЕЛ РАДОЖДА: НА ГРАНИЦА
Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски, Гордан Петров
Локација: Село Радожда, Охридско езеро
Програм: Екотуристичко одморалиште со 30- 70 гостински соби.
На крајниот северозападен дел на Охридтското езеро, на самата граница кон Република Албанија, е местото на поранешното летно одмаралиште/ камп на фабриката Треска. Се наоѓа во непосредна близина на пикторескното рибарско село Радожда и поседува извонреден потенцијал во однос на неговата местоположба, како кон непосредната околина, така и кон длабокиот хоризонт на езерото. На кој начин можеме да развиеме типологија, програма, контекст за еден објект од областа на угостителството, а притоа да ги задржиме/уважиме/унапредиме постојните отворени карактеристики на местото? На кој начин објектите од областа на туризмот можат да се дел од глобалните барања, но истовремено да одговорат и да ги унапредат специфичните енвироментални и социокултурни својства на местата?
Целта на студиото е да се истражат просторните и програмските можности на природни локации на северозападниот дел на Охридското езеро. Да се предложи начин како да се задржат основните природни вредности на местото, а истовремено да се додадат нови употребни и семантички вредности, преку еден нов артифициелен слој.
Претпоставка е дека преку серија сценарија на хипотетички трансформации на оваа природна положба, можеме да ги покажеме неговите можности за трансформација како синтеза на архитектурата и природата, традицијата и современото.
Територијата на поранешно одморалиште; Радожда,прослава на Велигден 1998 (Economopoulos, Nikos, 1998.Radozda village. Easter celebrations. [photograph] Avaible at:http://www.magnumphotos.com/image/PAR150199.html [Acessed 15 September 2014] ; Сцена од филмот Мирно лето(1961)Режиран од Димитрие Османли. Македонски филм