
|
ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ ВО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КОЈА СЕ СЛУЧИ ВЧЕРА Е И НАШАТА СТУДЕНТКА БЕЈЗА УЗЕИРИ. АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ НАЈИСКРЕНО СОЧУВСТВУВА СО БОЛКАТА НА СЕМЕЈСТВОТО. ДЛАБОКО ЖАЛИМЕ ЗА ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА. НАШИТЕ МИСЛИ СЕ СО СЕМЕЈСТВАТА НА СИТЕ ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌАТА.
|


Фотографии од новогодишната прослава одржана на Скверот на АФС на 28.12.2018-та година. Автор на фотографиите е Ангела Петровска.

Фотографии од излагањето на архитект Александар Наумчевски, кој во рамки на програмата „Фактотум“ на Скверот на АФС имаше свое излагање во среда, 12.12.2018-та година. Предавањето беше насловено - Имагинарен град. Фотографиите се на Ангела Петровска.

Фотографии од излагањето на фотографката Ерина Богоева, која во рамки на програмата „Артитектура“ на Скверот на АФС имаше свое излагање во четврток, 6.12.2018-та година. Предавањето беше насловено: Скопје - архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990). Фотографиите се на Ангела Петровска.

Фотографии од предавањето на Александар Ношпал, кој во рамки на програмата Артитектура имаше свое излагање на Скверот на АФС во четврток, 29.11.2018-та година. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Фотографии од излагањето на архитект Дејан Ивановски, кој во рамки на програмата Практископ имаше свое излагање на Скверот на АФС во среда, 21.11.2018. година. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.