Во вторник, 12.06.2018-та година, со почеток во 10.30 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде промовирана првата публикација од новата едиција „Студио во фокус“, во која се поместени резултатите од истражувањата преку проект работени во рамки на интегративното студио во IX-ти семестар во учебната 2017/18 година - „Обрасци на раст - неприродни екологии“, раководено од доц. д-р Слободан Велевски и доц. д-р Марија Мано Велевска.
Отворање на Изложбата на архитектонски студија - ИАС 12 (Голема сала) на Архитектонскиот факултет во Скопје во вторник, 12.06.2018 год.
Предавање на Едзард Шулц и А. Шулевска во организација на АФС, кои ќе имаат свое излагање во амфитеатарот на АФС во вторник во 11.00 часот на 12.06.2018 год.
Предавање на Хуан Меркаде Бруле (во организација на АФС и Шпанската амбасада во Скопје), кој ќе има свое излагање во амфитеатарот на АФС во понеделник во 17.00 часот.
Со утрешното гостување на Диџеј Дела, кој (со свој музичи сет) ќе настапи во рамки на програмата „Фактотум“, на симболичен начин ќе биде заокружена серијата јавни настани насловени „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“, одржани на Архитектонскиот факултет во Скопје во учебната 2017/18 година.
На 17.05.2018 (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи на Сквер - музички сет на (архитект) Диџеј Дела, кој ќе настапи во рамки на програмата Фактотум.
Излагање на модниот дизајнер Драган Христов насловено „Лудус: современа безродова мода наспроти очекувањата“, одржано на Скверот на АФС во среда. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Oтворање на Фестивалот за креативни индустрии СКОПЈЕ КЕАТИВА 2018, на која ке земат учество и студентите од I-ва година под менторство на проф.м-р.Елизабета Аврамовска со проектот "Госпоѓиците од Авињон во 3Д", како и студентите od II-ра година под менторство на проф. м-р Наташа Милованчев co со проектот "Де Стијл: Структури во простор",
Нови дијалози - АРТитектура - Излагање на модниот дизајнер Драган Христов насловено „Лудус: современа безродова мода наспроти очекувањата“, среда, 09.05.2018, со почеток во 19ч на Скверот на АФС.
Излагање на магистер архитект Андреј Прошевски, кој во рамки на програмата „Талент“ се претстави со 3 свои проекти, на Скверот на АФС во четврток, 03.05.2018 год. Фотографиите се на Елена Фидановска.