Меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ во 2023 година по повод 60 години од земјотресот во Скопје
По повод 60 години од Скопскиот земјотрес и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге, Архитектонски факултет, УКИМ во Скопје на 7-ми и 8-ми јуни, 2023 година ќе организира меѓународна научна конференција насловена „Проект Скопје“. Светските архитекти и истражувачи од Јапонија, Холандија, Грција, Италија, Полска и САД, 60 години по земјотресот и планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на солидарноста, светската соработката, архитектурата и изградбата на разурнатите градови и заедници.
Повеќе: Меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ во 2023 година
Во периодот од 30-ти март до 2-ри април, во Скопје и на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје во студиска посета престојуваше група од 35 студенти, тројца професори и тројца докторанти. Студентите и професорите се дел од архитектонското студио во четврта година на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино кое работи на темата на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање на урбаниот кварт Ј14-Расадник во општина Кисела Вода. Целта на посетата беше запознавање со градот Скопје, особено со локацијата која е во фокусот на работата на студиото во општина Кисела Вода, градот во целина, како и со работата на студијата и студентите на Архитектонскиот факултет.
Повеќе: Студиска посета на студенти и професори од Политехничкиот универзитет во Торино на...
Отворен е повикот за учество на EUROPAN 17 за млади професионалци и мастер студенти (кои имаат Bachelor диплома), на тема: “Living cities/2 – Reimagining architectures by caring for inhabited milieus”. EUROPAN 17 обезбедува платформа за изработка на идејни проекти за 52 локации во градовите во 12 европски земји. Повеќе информации можете да добиете на веб страната:www.europan-europe.eu |
||