ПОКАНА за Отворен ден #3
Ве покануваме да присуствувате на Отворениот ден #3 што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Град Скопје и Архитектонски факултет Скопје при УКИМ. Отворените денови се дел од активностите што SkULL, како дел од ROCK* проектот, ги организира со цел да ja вклучи јавноста во искажување на своите мислења за состојбите во Старата скопска чаршија, како и за можностите за ревитализација на овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел на градот.
Архитектурата како инфраструктура – архипелаг на иновации
Работилница
Материјали контури: Архитектура како територија
Поставувањето во контекст, без оглед дали е локациски или идеолошко, отсекогаш ја дефинирала релевантноста на архитектурата. Низ користење на различни видови на критика, анализа базирана на Херменевтика, како и традиционални архитектонски техники и најважното, комбинацијата на повеќе дисциплини во единствен архитектонски метод, работилницата ќе се обиде да развие кохерентно разбирање на изграденото опкружување низ проширување на концептот за контекст.
Повеќе: Архитектурата како инфраструктура – архипелаг на иновации
Добри градски практики #2 :
Живите лаборатории на Ајндховен
Best Practices: Living Lab Eindhoven
Ве покануваме на втората презентација од сесијата „Добри градски практики“, како дел одактивностите на Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Град Скопје и Архитектонски факултет Скопје при УКИМ,
Архитектонскиот факултет
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
ИНТЕРЕН КОНКУРС
за избор на демонстратори на студиската програма на интегрираните студии од прв и втор циклус по архитектура во зимскиот и летниот семестар во учебната 2019/2020 година