Почитувани колеги и пријатели,
Среќни новогодишни и божиќни празници!
Ве покануваме на предновогодишна прослава, која ќе се одржи во петок, 29.12.2023 година, со почеток во 12:00 часот на „Сквер“ на вториот кат во просториите на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Прославата е организирана заедно со ФСС на АФС, студентите на АФС и целокупната академска заедница на Факултетот.
Ќе ни причинува голема чест и задоволство доколку ја збогатите нашата прослава со Вашето присуство.
Фотографии од Годишната конференција на докторските студии по архитектура и урбанизам, што на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа на 5 декември 2023 година.
Фотографиите се на Мила Гавриловска.