На 26.09.2025 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во Стаклената училница на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи презентација за постапката за аплицирање на конкурсот за студентски мобилности во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар од академската 2025/2026 година.
Во склоп на настанот предвидена е и отворена дискусија со студентите Галена Филиповска и Елена Зареска кои минатиот семестар беа дел од ЕРАЗМУС+ размената, со цел да ги споделат своите искуства и да дадат практични совети поврзани со процесот на апликација.