Предавање на Хуан Меркаде Бруле (во организација на АФС и Шпанската амбасада во Скопје), кој ќе има свое излагање во амфитеатарот на АФС во понеделник во 17.00 часот.
На 17.05.2018 (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи на Сквер - музички сет на (архитект) Диџеј Дела, кој ќе настапи во рамки на програмата Фактотум.
Со утрешното гостување на Диџеј Дела, кој (со свој музичи сет) ќе настапи во рамки на програмата „Фактотум“, на симболичен начин ќе биде заокружена серијата јавни настани насловени „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“, одржани на Архитектонскиот факултет во Скопје во учебната 2017/18 година.
Излагање на модниот дизајнер Драган Христов насловено „Лудус: современа безродова мода наспроти очекувањата“, одржано на Скверот на АФС во среда. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.