Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 28.11.2017 година на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа второто предавање во склоп на програмата „Практископ“, каде свое излагање имаше архитект Мартин Пановски,еден од основачите на архитектонско биро Радиус архитекти од Скопје. Како најава за говорникот, за професионалниот профил на Пановски пред присутните се обрати д-р Бојан Каранаков, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје.
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА САРА СИМОСКА
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 23.11.2017 година, во склоп на програмата „Талент“ свое излагање имаше магистер архитект Сара Симоска, поранешен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. По комплетирањето на четвртата студиска година на Архитектонскиот факултет Симоска го продолжила своето образование на одделот за архитектура при Политехничкиот универзитет во Милано, каде магистрирала во 2016-та година.
Вонредна сесија 02, Формат: конкурс
модератор: Владо Данаилов
На 21 ноември 2017-та година на скверот во јужното крило на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа втората Вонредна сесија на тема формат: конкурс.
Соговорници беа архитекти од различни генерации: Трајко Димитров, Мартин Пановски и Никола Стрезовски, а се разговараше за неопходноста од спроведување на архитектонски конкурси, како и за начинот на кој истите се распишуваат, работат, оценуваат. Во текот на разговорот се споделуваа личните искуства на соговорниците - како учесници на конкурси и како членови на жири комисии, а беше образложена и позицијата и улогата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија во борбата за конституирање на институцијата конкурс. Преку неколку примери за нереализирани проектни трудови за места во главниот град се направи обид за раскажување на приказната за никогаш неизградено Скопје. За време на разговорот, како визуелна поддршка, во позадината на платно беа проектирани селектирани конкурсни трудови работени во периодот помеѓу 60-те и 2000-те години. Кон крајот на разговорот и дел од публиката се вклучи во разговорот со неколку прашања и коментари.
објавено на : 2017-11-23 16:16:49