Фотографии од студиското патување во Берлин на наставниците и студентите од Интегративното студио „Нови индустрии на стари локации“ во 9-ти семестар, раководено од доц. д-р Горан Мицковски. Во периодот од 3-ти до 7-ми декември тие имаа можност да посетат повеќе референтни архитектонски градби и културни институции, а во дел од нив беа придружувани од архитектот и учесник во Студиото, гостин-професорот Јурген Пацак-Пор од берлинското студио „БАР архитекти“.
Фотографии од излагањето на архитектот и професор Даг Бутсен (Dag Boutsen) од Белгија, кој во рамки на Деканската серија предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 5.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
![]() |
СТУДЕНТСКИ
ИЗБОРИ 2019
|
ПРЕДАВАЊЕ на проф. Френк Флури
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Френк Флури, раководител на првиот циклус на студии на Колеџот за Архитектура на Институтот за технологија на Илиноис во Чикаго.