Фотографии од церемонијата по повод доделувањето на дипломите на дипломираните и магистрираните студенти на Архитектонскиот факултете во Скопје, кои завршиле во учебната 2019/2020 и 2020/2021 година. Настанот се одржа во дворот на Архитектонскиот факултет на 7.7.2021 година. Фотографиите се на Бојан Каранаков. |
Повик за учество на првото издание на работилницата CITY UPGRADE во организација на Универзитеот UTE од Еквадор и Националниот Универзитет од Аргентина. Работилницата ќе се одржи online во период од 27 септември до 02 октомври 2021 год. |
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соособена чест и задоволство Ве известува дека во понеделник, 13.9.2021 г. започнува 30-тата, јубилејна сесија на Летната школа по архитектура. Темата на 30-тата сесија на летната школа е „Essential Places“, гостин тутор е проф. Маруша Зорец од Архитектонскиот факултет во Љубљана, Словенија, а раководител е вонр. проф. д-р Ана Ивановска Дескова. Покрај проф. Зорец, во рамките на летната школа со свои предавања ќе гостуваат: проф. Рива Лава од Архитектонскиот факултет од Атина, Грција, проф. Ања Планишчекод Архитектонскиот факултет од Љубљана, Словенија, проф. Рок Жнидаршиќ од Архитектонскиот факултет од Љубљана, Словенија и проф. Том Емерсон од ETX, Цирих, Швајцарија. Ве покануваме да ги проследите. |