Во периодот од 30-ти март до 2-ри април, во Скопје и на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје во студиска посета престојуваше група од 35 студенти, тројца професори и тројца докторанти. Студентите и професорите се дел од архитектонското студио во четврта година на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино кое работи на темата на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање на урбаниот кварт Ј14-Расадник во општина Кисела Вода. Целта на посетата беше запознавање со градот Скопје, особено со локацијата која е во фокусот на работата на студиото во општина Кисела Вода, градот во целина, како и со работата на студијата и студентите на Архитектонскиот факултет.
Повеќе: Студиска посета на студенти и професори од Политехничкиот универзитет во Торино на...
Повеќе: Предавање „Реконструкција на римскиот театар во Пула“